Четири изведби на балетот „Оревокршачка“

Од:

Во пресрет на новогодишните празници, Националната опера и балет четири пати ќе ја изведе балетската претстава „Оревокршачка“ поради голем интерес.

Се работи за едно од најпопуларните и најизведувани дела на музика на Петар Илич Чајковски кое публиката ќе има можност да го види денеска и на 28, 29 и 30 декември.

Денешната и изведбата в недела се наменети за најмладите и ќе почнуваат во 12 часот, а претставите на 28 и 30 декември се со почеток во 20 часот.

Ќе настапи оркестарот под диригентство на Бисера Чадловска, балетски првенци, ансамблот на Балетот, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

– Волшебна балетска авантура за сите возрасти. Новогодишно-божиќна бајка која мириса на снег, карамела и на цимет. Обоена е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од балетот „Оревокршачка“, соопшти НОБ.

Би можело да ве интересира

Гала концерт „Опера и балет под ѕвездите“ на платото пред НОБ

Ана Ололовска

Гала концерт „Опера и балет под ѕвездите“ во петок на платото пред НОБ

Ана Ололовска

„Арт балет“ од Скопје освои седум златни медали на Европското првенство по танц во Москва

Ана Ололовска

Две изведби на балетската претстава „Есмералда“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Есмералда“ со две изведби во НОБ

Ана Ололовска

Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ во НОБ

Ана Ололовска