Целовечерен концерт на „Трио џентлмен” во Кавадарци

Од:

Во Кавадарци вечер од 20 часот ќе се одржи целовечерен концерт на „Трио џентлмен”, насловен „Поп-класика со Трио џентлмен“. Го организираат Општина Кавадарци и Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, со поддршка на Министерството за култура.

„Трио џентлмен” е поп-класично трио составено од тројца професионални оперски пејачи: тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимаглоски и баритонот Кристијан Антовски.

Од Домот на културата соопштија дека поп-класичното пеење е веќе познат жанр низ светот и дека „Трио џентлмен“ е создадено по примерот на веќе познати светски поп-класични состави, кои подолг период го изведуваат овој музички жанр.

– Ова е прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика и во нашата држава. На нивниот репертоар се најголеми светски поп-хитови, наполитански канцони, латино-композиции, руски романси, македонски евергрини, балкански поп-композиции и сето тоа изведено во поп-класичен манир, појаснуваат од Домот на културата „Иван Мазов-Климе“.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска