Целовечерен концерт на ерменскиот пијанист Сергеј Бабајан на „Охридско лето“

Од:

Сцената на катедралната црква „Света Софија“ во Охрид вечерва резервирана за настапот на ерменскиот пијанист Сергеј Бабајан, еден од најинтересните претставници на поновата генерација пипјанисти на големата руска пијанистичка школа.

Бабајан е првиот студент на легендарните Горностаева, Наумов, Власенко, Плетњов од Конзерваториумот „Чајковски“ кој успеа по распадот на поранешниот Советски Сојуз да направи светска кариера без каква било државна поддршка. Неговите успеси на меѓународните натпревари, вклучително „Кралицата Елизабета“ и „Бузони“ му озовможија бројни концертни турнеи ширум свет. Бабајан настапува со врвните светски оркестри и диригенти, остварувајќи особено плодна соработка со Валериј Гергиев и Оркестарот на „Мариински“ театарот. Настапува и на престижните фестивалски подиуми со програми кои опфаќаат широк стилски опсег.

Оваа година Бабајан е резидентен уметник на „Гергиев“ фестивалот на Ротердамската филхармонија. Неговиот опширен репертоар е во постојан растеж, опфаќајќи ги делата како од „железниот“ пијанистички репертоар, така и од современите композитори – Лутославски, Лигети, Парт, Шнитке, Васкс, Шчедрин и други автори. Особен афинитет на пијанистот е творештвото на Ј. С. Бах. Бабајан остварил бројни снимки за ЕМЦ, „Цонноиссеур Социетѕ“ и „Про Пиано лабелс“.
На програмата на вечерашниот концерт се дела на Лист, Рјабов, Рахманинов/Володос, Бах. Почетокот на концертот е од 21 часот.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ