Бранко Росиќ во Скопје го промовира романот „Доаѓањето на матадорот“

Од:

Во организација на Српскиот културно информативен центар СПОНА, на 14-ти септември, во кафе-книжарницата „Буква“ (со почеток во 19 часот), белградскиот писател, новинар и музичар Бранко Росиќ ќе го промовира својот трет роман „Доаѓањето на матадорот“, објавен летово во издание на издавачката куќа „Лагуна“ од Белград.

dobivaj vesti na viber

– За „Матадорот“ една од хероините ја најдов на улица. Шетав низ градот Руан во Нормандија, и здогледав една убава питачка која беше толку убава што во секој момент комотно можеше да стане и да оди на некоја модна ревија. Се прашував што ја натерало една толку убава и млада девојка да капитулира и да се предаде на питачењето и на животот на бездомник. На стотина метри од таму било местото каде што жива била запалена Јованка Орлеанка. Зад аголот имаше големи демонстрации на „жолти елеци“…

И почнав да замислувам… Од таа бездомничка направив нова Јованка Орлеанка која ја тресе Европа, и на крај неа и нејзиното момче ги јаде самата револуција, што тие ја предизвикаа. Тоа е само дел од приказната… – открива Росиќ зборувајќи за својот најнов роман, за кој првичните реакции се фантастични.

Секако, актуелниот роман „Доаѓањето на матадорот“ не е единствената причина СПОНА да го покани и угости Бранко Росиќ во Скопје, а тој од срце да ја прифати поканата. Постојат работи што може да се подведат под „минат труд“…

Пред се, тука се неговите претходни книги: „За утре најавуваат конечно разведрување“, по која наскоро ќе се снима ТВ серија, и првиот роман „А така добро почна“, како и потсетување дека неговата панк група од 80-тите, „Урбана герила“ беше оазата од која во свет се „одметнаа“ и писателот Владимир Арсенијевиќ, и сликарот Урош Ѓуриќ, но и легендарниот Цане од „Партибрејкерси“…

Сепак, како што самиот знае да каже, Росиќ на пошироката јавност, особено во Македонија, најмногу и е познат по неговото новинарско делување, особено по многу успешно вршење на функцијата заменик Главен и одговорен уредник на популарниот магазин „Недељник“.

Во биографијата на Росиќ еден детал блеска со посебен сјај. Тоа е медалот на Британската империја, добиен лично од кралицата Елизабета Втора, за промовирање и подобрување на културните врски меѓу Британија и Србија.

На промоцијата во „Буква“, која ќе ја води новинарот Иван Беќковиќ, освен за актуелниот роман на Росиќ, ќе се зборува и за неговите претходни книги, а посетителите бесплатно ќе добијат и примерок од магазинот „Недељник“, кој Бранко го уредува.

На промоцијата ќе бидат претставени и содржините кои се најдоа во актуелниот број на „Слово“, гласилото на СПОНА, двомесечник кој ги следи културните активности на Србите во Македонија.

фото: Небојша Бабиќ

Би можело да ве интересира

Објавено второ издание на „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски – првата книга за есеистиката на Горан Стефановски

Ана Ололовска

Стефан Тиќми: „Капут од мов“ е потсетување дека уметноста ќе го спаси светот

Ана Ололовска

Романот „Капут од мов“ од Стефан Тиќми ќе биде промовиран во „Литература.мк“

Ана Ололовска

Нова книга на Даниела Андоновска-Трајковска

Ана Ололовска

Александар Русјаков: Со „Хотел меѓу две војни“ си го остварив сонот да напишам роман за Битола

Ана Ололовска

Фестивалот „Литера“ патува во Гевгелија

Ана Ололовска