Божиќен концерт се одржа во Кавадарци

Од:

Во салата на Основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев-Рале“ во Кавадарци синоќа се одржа традиционалниот Божиќен концерт, со поддршка од Домот на културата „Иван Мазов-Климе” и локалната самоуправа.

– Кога започна оваа традиција, целта не беше да ги копираме големите светски градови. Едноставно, сакавме да покажеме со какви таленти располагаме. Дека сме расадник на таленти. Да ја потврдиме онаа народната, земи камен и фрли го било каде во Кавадарци, ќе удриш музички уметник, рече актерот Диме Коцевски, во улога на водител на концертот.

Настапија музичари кои биле, но и се уште се дел од музичкото училиште, кое постои пет децении, од ноември 1969 години. Се претставија ученици и професори, но и музичари кои некогаш се школувале овде, а станале успешни во своите професии.

Веќе има иницијатива, Кавадарци да добие и средно музичко училиште. Советот на општината во ноември лани донесе одлука за поддршка на елаборатот за основање на државно средно музичко училиште. Министерството за образование и наука треба да ја поддржи оваа иницијатива.

Би можело да ве интересира

Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Горан Наумовски

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Група млади кавадарчани физички нападнале семејство во Марена

А1он

Кавадарци со низа препораки по најавените екстремно ниски температури

А1он

Приведен кавадарчанец: Излетал од патот додека превезувал мигранти при што загинало едно лице

А1он

Се запали куќа во кавадаречкото село Раец