Богдановиќ: Општина Центар останува доследна на своите заложби за развој на културата

Од:

Во Општина Центар официјално започна со работа Културно-социјалниот простор (КСП) „Центар-Јадро“, прва институција од овој тип на цивилно-јавно партнерство во државата. Овој модел е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт, Општина Центар, и Јадро Асоцијација и претставува суштинска децентрализација на моќта и единствен пат кон создавање организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата, во рамки на граѓанскиот сектор, но и пошироко.

На денешната прес конференција, со запазување на сите мерки и препораки од надлежните институции, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со основачите и членовите на управувачките органи на „Центар-Јадро“, Искра Гешовска, Јане Чаловски, Теодор Целакоски и Јасмина Билаловиќ, го презентираа концептот и замислата на проектот, со што независната културна сцена, младите уметници и невладините организации добија нов, современо опремен простор за своите активности.

„За мене беше особено важно, кога прв пат се запознав со идејата за центарот, беше фактот дека во потполност кореспондира со нашиот концепт и заложба, да бидеме отворени кон граѓаните, да создаваме инвентивни и прогресивни концепти, како и долгорочни одржливи модели, во рамките на општината со активна вклученост на заедницата. Само преку комуникација, размена на идеи и со здружени сили, можеме општината Центар, а со тоа и градот Скопје, да ги ставиме на мапата на современи урбани и прогресивни средини, ништо помалку од европските културни метрополи. Развојот на културата, како значајна општествена гранка, е важен сегмент во работата на локалната самоуправа, особено во урбани градски општини како оваа. Општина Центар се залага за задоволување на правата и потребите на граѓаните, и се стреми за збогатување на културниот живот на заедницата“, изјави градоначалникот Богдановиќ на денешната прес конференција.

Преку повторно ставање во употреба на објектот – месна заедница „Дане Крапчев“, во функција на културно-социјален простор наменет за потребите на граѓаните од областа на културата и пошироките граѓански права, Општина Центар останува доследна на своите заложби за развој на културата, како важен дел од нашето секојдневие.

„Центар-Јадро“ е резултат на заложбите на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена, која од своето основање во 2012 година како непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа, се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикне процесите на демократизација во културата и пошироко, во општеството и во граѓанскиот сектор.

„На крајот на февруари 2020, ‘Центар-Јадро’ почна да функционира во својот простор, во рамки на урбаната заедница ‘Дане Крапчев’. Набрзо тимот го адаптираше поголемиот дел од своите програми во on-line формат и со тоа установата беше една првите кои започнаа со реализација на програма во време на пандемијата на Ковид. Во рамки на годишната програма КСП Центар-Јадро досега има реализирано над 20 активности од сопствената програма“, изјави директорката на КСП „Јадро-Центар“, Јасмина Билаловиќ.

Целиот процес на развој и реализација на ко-управувачкиот модел, од основањето на Јадро Асоцијација до формирањето на установата од 2012 до денес, во различни фази, беше поддржан од: Швајцарска програма за култура во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество Македонија, Гете Институт-Скопје, Министерството за култура на Р.С. Македонија, Кооператива – Регионална платформа за култура, Амбасадата на Швајцарија во РС Македонија, Општина Центар и Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Хуманитарен концерт за Турција и Сирија во КСП Центар Јадро

Ана Ололовска

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска