Богат и разновиден археолошки материјал најден на наоѓалиштето Чаир рид во неготинско Тремник

Од:

Завршија археолошките ископувања на локалитетот Чаир рид во неготинско Тремник, предвидени за оваа година. Како што информираа за МИА лица од стручниот тим, направени биле четири пробни сонди на локалитетот при што е најден богат и разновиден археолошки материјал. При тоа добиени се голем број податоци за карактерот, обемот и важноста на овој особено значаен археолошки локалитет на територијата на општина Неготино.

-Во сонда 1 пронајдени се делови од одбранбениот бедем, како и голем број фрагменти садова керамика. Во сонда 2 откриен е станбен објект, на акрополата на локалитетот кој според наодите можеме да го датираме во 3-2 век пред н.е., за кој е потребно понатамошно истражување со цел да се добијат информации за неговата намена. Во сонда број 3 пронајдени се, исто така, остатоци од објект, поточно влезната партија на објектот. Во оваа сонда откриени се голем број фрагменти од керамички садови и монети, но она што изненадува е големиот број делови од архитектонска пластика. Пронајдени се четири жртвени ари (пренесени и депонирани во музејот) и други делови од архитектонска пластика, кои упатуваат дека најверојатно на оваа доминантна точка, на источниот дел од локалитетот егзистирал храм. Според монетата пронајдена на подот на објектот, времето на неговото егзистирање е најверојатно првата половина на 2 век, соопштија раководните лица од тимот.

Сепак, додадоа, сето ова останува да се доистражи, а со тоа и да се потврдат и продлабочат досегашните сознанија во наредните археолошки кампањи.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура, преку програмата за проекти од национален интерес за 2019 година, како и од локалната самоуправа на Општина Неготино.

Носител на проектот е општинската установа Музеј на град Неготино во соработка со Филозофски Факултет-Скопје, Институт за историја на уметноста и археологија. Со овогодишните истражувања раководеа проф. д-р Марјан Јованов и проф. д-р Антонио Јакимовски, а во проектот свое учество дадоа и Костадинка Филипова и Драгица Чекорова од Музеј на град Неготино, Александар Ликарски – археолог и студенти од Институтот за Историја на уметноста и археологија.

Би можело да ве интересира

Во Канада откриени фосили од животно од праисторијата

Ана Ололовска

Старогрчки храм и бродови полни со богатство откриени во „египетската Атлантида“

Татјана Ташкова

Камениот саркофаг се носи на локалитетот „Скупи“, го поседувало полско семејство

Ана Василевска

Министерот Исмаили го посети археолошкиот локалитет „Градиште“ – Девол Град

Ана Ололовска

Во Стоби откриена скулптура на богот Дионис со пантер

Древна биста на Тутанкамон во „Кристи“ продадена за 4,7 милиони фунти

Ана Ололовска