Боби Ѓошиќ назначен за в.д. директор на Центарот за култура во Струмица

Од:

Министерството за култура го назначи Боби Ѓошиќ за в.д. директор на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, откако на 8 јули годинава Управниот суд го поништи огласот за избор на директор од декември лани.

Веста ја потврдија од Центарот за култура. Ѓошиќ е вработен во оваа установа и до изборот на нов директор ќе раководи со неа.

Лани Министерството за култура го именуваше Васил Бубев за директор, откако на конкурсот се пријавиле уште двајца кандидати. Тие незадоволни од одлуката на Министерството поднесоа тужба до Управниот суд, која беше прифатена. Изминативе осум месеци, иницијативата „Култура или фискултура“, во која членуваат актери од Струмичкиот театар, организираше повеќе протести во Струмица и Скопје со кои укажуваа на незаконитост на постапката за избор на досегашниот директор.

Би можело да ве интересира

Протест на вработените во Македонска филхармонија: Што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција

Ана Ололовска

Јапонскиот амбасадор ќе го отвори Нихон-џи 2.0 со музички настап

Ана Ололовска

Моторциклист од Струмица повреден во сообраќајка, заврши на болничко лекување

Националната галерија го одбележува Меѓународниот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска