Благој Веселинов ја прими наградата од „Шутинг старс“ на Берлинскиот филмски фестивал

Од:

Актерот Благој Веселинов и другите европски учесници на „Шутинг старс“ (Shooting Stars) на Берлинскиот филмски фестивал вечерва ги добија наградите од манифестацијата за млади актерски ѕвезди. Свечената церемонија на доделување на наградите на најдобрите млади актери во Европа се одржа во салата „Берлин палас“, под покровителство на платформата Европска филмска промоција (ЕФП).

Наградите им ги врачија членовите на овогодишното жири за оваа програма, режисерката Теона Митевска и актерот Ингвар Сигурдсон (Исланд).

По доделувањето на наградите следеше проекција на филмот Vice по сценарио и во режија на Адам Мекеј.

Веселинов, ѕвездата на „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, е меѓу 10-те најдобри актерски таленти во подем во Европа, со уште девет актери од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија. На актерите за време на Берлиналето добиваат можност да се претстават пред филмската индустрија и критика.

„Шутинг старс“ е најстарата и најпрестижна иницијатива за промоција на европскиот палент на меѓународниот филмски маркет, а од првата награда во 1998 досега на Берлиналето како еден од најголемите филмски фестивали во светот се претставени 303 наградени актери и актерки, што било пресвртна точка за многумина од нив, меѓу кои и оскаровката Алисија Викандер.

Од Македонија пред Веселинов, оваа награда ја добија Лабина Митевска во 2009 и Наташа Петровиќ во 2011.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето