Благодарници за 22 писатели за половина век членување во ДПМ

Од:

Дваесет и двајца истакнати македонски писатели ќе добијат благодарнци за педесетгодишно членување во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Во знак на признателност за вредностите на литературното дело и за влогот во опстојувањето на најбројната и најстара асоцијација на уметници во Република Македонија, на последната седница претседателството на ДПМ одлучи благодарници да добијат писателите Матеја Матевски, Милан Ѓурчнов, Георги Сталев, Цане Андреевски, Георги Старделов, Илхами Емин, Благоја Иванов, Видое Видичевски, Јован Стрезовски, Влада Урошевиќ, Фахри Каја, Јован Павловски, Србо Ивановски, Оливера Николова, Радован Павловски, Методија Фотев, Александар Поповски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Иван Чаповски, Миле Неделкоски, Александар Ежов и Милан Терзовски.

Друштвото на писателите на Македонија е формирано во 1947 година и во својата шест и пол децениска традиција обедини 480 писатели од сите генерации.

Благодарниците на писателите кои во ДПМ членуваат педесет години ќе им бидат врачени на 13 февруари, на свечениот собир по повод одбележувањето на денот на формирањето на ова асоцијација.

Би можело да ве интересира

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска