„Бизнисот на задоволството“ во друштво на Оскаровци

Од:

Политичкиот трилер на Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“, во октомври ќе се натпреварува за наградата Кристална Шишарка – Хоризонти во рамките на еден од трите најголеми фестивали на светот посветени на звучен дизајн и музика за филм – Меѓународниот Филмски фестивал во Самобор, Хрватска (International Sound and Music Film Festival – ISFMF)

Наградата во рубриката Хоризонти, каде што е селектиран „Бизнисот на задоволството“ е наменета за проекти кои се истакнуваат со специфична и важна тематика, а притоа имаат висококвалитетна музика и звук.

За наградата номинирани се авторите на музиката на филмот, Димитар Андоновски, Зоран Алексиќ и Милан Симовски.

Уметничкиот одбор на фестивалот го сочинуваат Ранди Том, кој има добиено двапати Оскар и еден од најпочитуваните звучни дизајнери во Холивуд. Работел на класици како Војна на Sвездите, Индијана Џоунс, Форест Гамп, Хари Потер. Понатаму, Ричард Кинг – саунд дизајнер на речиси сите филмови на Кристофер Нолан, добитник на 4 оскари. Мајкл Минклер – три оскари, работел на ЏФК, мјузиклот Чикаго, како и на неколку филмови од Квентин Тарантино. Стевен Варбек – оскаровец, за музиката на Заљубениот Шекспир. Роберт Таунсон – еден од најуспешните филмски музички продуценти на светот.

„Бизнисот на задоволството“ досега се закити со награди на повеќе меѓународни фестивали, а во октомври ќе биде премиерно прикажан и во Италија на 27. издание на фестивалот „International police award arts festival- IPAAF“.

Политичкиот трилер на Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ