Битолскиот театар учествува на „Шекспир фестивал“ во Србија

Од:

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ќе настапи на традиционалниот „Шекспир фестивал“ кој денеска почнува и се одржува во автентичниот амбиент на српската Вила Станковиќ Чортановци, Општина Инџија.

Годинава на фестивалот учествуваат актери од Франција, Италија и Србија, а македонските актери, во сабота навечер, ќе ја изведат претставата „History of motherfuckers – Кориолан“ од Влијам Шекспир, во режија на Андраш Урбан.

– Претставата не е политика. Претставата се занимава со човекот и неговата заедница. Претставата е борба. Хумана Борба. Никој не го сака Кориолан. Ни Шекспировата драма ни ликот. А тој е вистинит и искрен. Потајно сите се сложуваме со сė што кажува. Но едно е сигурно. Тој не е ние. Тој за нас кажува она што ние за себе не смееме. Да е дипломат, да умее и да сака да ја користи слатката, нежна лага која е предуслов за демократската заедница, ние не би ни зборувале за него. Лагата не е ни слатка ни нежна. Лагата е крвава и немилосрдна. Додека вистината и искреноста сепак се предуслов за вистинска уметност. Дури и кога лажеме поминуваме низ пеколот на искреноста за едно уметничкото дело да го претвориме во стварност, барем во онаа уметност за која вреди да се зборува, посочува режисерот Андраш Урбан.

На фестивалската сцена во Србија ќе настапат актерите Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска-Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимограф Благој Мицевски.

Театарската претстава „History of motherfuckers – Кориолан“, проект поддржан од Министерство за култура, предизвика голем интерес во јавноста по неодамнешната премиерна изведба во Битола.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска