Битолскиот театар гостува на регионален Фестивал на современ театар во Суботица

Од:

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола гостува на меѓународниот регионален Фестивал на современ театар кој по 13. пат се одржува во Суботица.

Годинава фестивалот се одржува под мотото „Историјата и Ти“ со учество на 16 театарски претстави со исто толку театри од повеќе држави, а битолските актери ќе ја изведат претставата „History of motherfuckers“ по Кориолан од Влијам Шекспир, а во режија на Андраш Урбан.

-Претставата не е политика. Претставата се занимава со човекот и неговата заедница. Претставата е борба. Хумана борба. Никој не го сака Кориолан. Ни Шекспировата драма ни ликот. А тој е вистинит и искрен. Потајно сите се сложуваме со сė што кажува. Но едно е сигурно. Тој не е ние. Тој за нас кажува она што ние за себе не смееме. Во историјата секогаш зборуваме за разни motherfuckers кои биле грди, глупави, зли, кои некако ја зезнале работата и не спречиле да уживаме во крајно совршено опшество полно добрина, благосостојба, слобода, сигурност и вечно победнички војни. Народот, граѓаните секогаш се само лик без можност да одговараат. Тој нејасен поим како некаков апстрахиран октопод никогаш не значи збир на поеднинци. Како да не е идивидуата таа која го пополнува гласачкото ливче, како да не е таа која го става во гласачката кутија. Народот не е одговорен. Како да не е народот тој што ги бира сите оние кои ги мразиме и ги сметаме одговорни за сė. Народот се одрекува од одговорноста бидејќи со помош на гласачкото ливче му ја предава на некој поединец. Барем на четири години. А истиот тој народ за себе говори дека е изманипулирана маса. Мнозинството е закон, нагласува во својата режисерска реч Урбан.

Пред публиката во Суботица утревечер на театарската сцена „Јадран“ ќе настапат битолските актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска