Битола подготвена за отворање на 40-то издание на ИФФК „Браќа Манаки”

Од:

Битола е подготвена за свеченото отворање на јубилејното 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Најголем дел од сметувачките капацитети во центарот на градот се исполнети, а резервации може да се најдат во околните хостели.

Престижниот филмски фестивал „Браќа Манаки” оваа година ќе биде отворен со филмот „Болка и слава“ на култниот шпанскиот режисер Педро Алмодовар, кој својата премиера ја имаше на годинешното издание на Канскиот филмски фестивал.

Организаторите објавија дека е готова селекцијата на филмови кои ќе се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300 и додадоа дека во годинашната селекција се вклучени повеќе филмови со експлозивна визуелна динамика што ги одразува и надградува идеите на сценаристите и режисерите.

Познат е и составот на стручното жири кое ќе го предводи Едвард Лакман од Соединетите Американски Држави, Ненад Дукиќ од Србија, Доминик Велински од Франција, Калојан Божилов од Бугарија и Фејми Даут од Северна Македонија.

Отворањето на 40-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки” е закажано за в сабота, на 14 септември, традиционално во големата сала на НУ Центар за култура-Битола.

Би можело да ве интересира

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска

Златна „Камера 300“ за кинематограферот Јани-Петери Паси од Финска

А1он

Во Битола вечер се доделува златна „Камера 300“ и завршува ИФФК „Браќа Манаки“

Ана Ололовска