ВИДЕО: Биенале на наградени автори од Остен во Гевгелија

Од:

Изложба на уметниците – учесници на Светска галерија на цртеж на Остен – Биенале на наградени автори 2013, утревечер, ќе биде отворена во Гевгелија.

На просторот на терасата на хотел Аполонија ќе бидат изложени делата на 16 Остенови уметници на годината. Тоа се уметниците од Македонија: Атанас Ботев, Ниче Василев, Глигор Чемерски, Новица Трајковски, Мирјана Крстева Масети,  Павле Кузмановски, Благојче Бане Наумоски и Тони Шулајковски, како и странските автори Венцеслав Антонов (Бугарија), Владимир Величковиќ (Франција/Србија), Златко Гламочак (Франција/Црна Гора), Тијана Којиќ (Србија), Каи Савелсберг (Германија), Стоимен Стоилов (Австрија/Бугарија), Јеонгмин Сух (Јужна Кореја) и Марк Фризинг (Луксембург).

Воедно, на уметниците ќе им бидат врачени наградите предвидени од организаторот: Гран При и Посебно Гран При награда за легат, пет награди Златен остен, три први награди и три посебни награди.

Постановката Светска галерија на цртеж – Биенале на наградени автори 2013 по Гевгелија ќе биде презентирана и во Скопје.

По изложбата треба да се одржи и првото Годишно собрание на амбасадорите на ОСТЕН-интернационални интелектуалци, уметници и љубители на уметноста, кои се пријатели и поддржувачи на ОСТЕН. Главната цел на собирот, според организаторите, е да се формира советодавно тело кое ќе обезбедува најдобри решенија за понатамошниот развој на ОСТЕН, истовремено залагајќи се за вистинските вредности во уметноста општо, а особено на уметнота на хартија.

Светската галерија на цртеж е содржина во рамките на ОСТЕН – уметност на хартија, и е концепт-манифестација која се состои од две меѓусебно поврзани биенални манифестации. Првата е Биенале на цртеж, а втората Биенале на наградени автори. Биеналето на наградени автори се состои од Програма за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН со натпреварувачки карактер. Централен настан е прогласувањето на ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ на годината, изложба на делата продуцирани во рамките на Програмата за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН и објавување на наградите. На ова Биенале учествуваат наградени уметници од Биеналето на цртеж, а наградите се дефинираат со воспоставен систем на гласање на Амбасадорите на ОСТЕН.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска