Биенале на млади уметници „Страст за лутање“ во Музејот на современа уметност

Од:

„Страст за лутање“ е насловено годинашното, 13-то по ред Меѓународното биенале на млади уметници, кое ќе биде отворено утревечер од 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје.

Како што стои во соопштението од МСУ, годинешното Биенале, се проширува вон архитектурата на музејот, вклучувајќи институционална соработка со Музејот на Македонија, Природнонаучниот Музеј и зградата на Управата за хидрометеоролошки работи. Па така, по утрешното отворање на Биеналето во МСУ, на 20 мај публиката е поканета да ги погледне делата на млади уметници, кои ќе бидат изложени во Природнонаучниот музеј, додека на 21 мај ќе се случи отворање во Музејот на Македонија. Изложбената поставка во зградата на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде отворена за посетители на 22 мај со почеток во 13 часот.

На поставките ќе бидат изложени дела на повеќе од 30 локални, регионални и меѓународни уметници.

Со свои дела ќе се претстават: Дарко Алексовски, Стефан Анчевски, Мартин Волман, Сали Ертунч, Филип Ивановски Пепе, Методи Исков, Јован Јосифовски, Соња Јо, Ана Јовановска, Ресул Кабоглу, Никола Кекеровиќ, Ана Лазаревска, Николо Масини, Јулија Манојлоска, Ивана Мирчевска, Ана Марковска, Наташа Неделкова, Доротеј Нешовски, Мила Паниќ, Кристина Пулејкова, Никола Радосављевиќ, Дритон Селмани, Душан Стефановски, Бојан Стојкиќ, Милица Лазаревиќ Спировски, Ивана Самандова, Ана Трајковска, Адриен Ујхази, Елена Чемерска, Миа Чук и Зоран Шекеров.

Сите настани во различни институции ќе бидат придружени со музичка програма. Во МСУ ќе настапи Мартина Пенева со својот диџеј сет, Aka Thesaur во Природнонаучниот музеј, Еми Ермилова во Музеј на Македонија и џез составот „Светлост“ во Управата за хидрометеоролошки работи.

Биеналето е мултидисциплинарен настан, еден од значајните од областа на современата уметност, првенствено поради тоа што негова цел е да наоѓа начини и создава простори, преку кои ќе ги претстави најновите уметнички насоки на надоаѓачка генерација уметници и куратори.

Би можело да ве интересира

Директорката на Музејот на современа уметност се повлекува од функцијата

Се отвора изложбата „Пејзаж на вознемиреност“ во Музејот на современата уметност – Скопје

Музејот на современата уметност со еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина

Голема изложба на Музејот на современата уметност во Виена

Ретроспективна изложба на Симон Узуновски во Музејот на современата уметност

Познатите уметници Жмијевски и Алтхамер ја реактуелизираат и збогатуваат уметничката колекција на МСУ