Берлиналето ќе биде отворено со филм со Изабел Аџани

Од:

Годинашното 72. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин (Берлинале) ќе биде отворено на 10 февруари, со филмот „Петер фон Кант“ на францускиот режисер Франсоа Озон, со француската глумица Изабел Аџани во главната улога, соопштија синоќа организаторите.Isabelle Adjani Cannes 2018.jpg

„Посебно сме среќни што повторно му посакавме добредојде на Франсоа Озон и го отворивме фестивалот со неговиот филм“, нагласија организаторите на фестивалот којшто ќе се одржи од 10 до 16 февруари.

Жирито на најголемиот европски филмски фестивал по Кан и Венеција ќе го води американскиот режисер М. Најт Шјамалан. Фестивалот годинава ќе се одржува главно со физичко присуство на гостите, за разлика од минатогодишното издание што беше онлајн поради епидемијата на коронавирусот.

„Златната мечка“ лани ја освои филмот „Лоша среќа за непромисленото порно“ на романскиот режисер Раду Жуде.

Берлинскиот меѓународен филмски фестивал е основан 1951 година и од 1978 редовно се одржува секоја година во февруари. На фестивалот во Берлин се доделуваат наградите „Златна мечка“ за најдобар филм, „Големата награда“ на жирито, како и „Сребрени мечки“ за најдобар режисер, глумец, глумица, сценарист и филмска музика. Од 1992 година, фестивалот ја доделува и наградата „Теди“ за филм што се занимава со ЛГБТ-популацијата.

Би можело да ве интересира

Сара Климоска од Берлиенале се враќа со наградата за Европски актер во подем за 2021

Ана Ололовска

Македонската копродукција „Малмкрог“ со награда на Берлинале

Ана Ололовска

Филмот „Благодарение на Бога“ пред можна забрана за прикажување во Франција

Ана Ололовска

Благој Веселинов ја прими наградата од „Шутинг старс“ на Берлинскиот филмски фестивал

Ана Ололовска

Берлинале: Приказната за штипјанката што скокна по крстот ја возбуди филмската критика

Ана Ололовска

„Кога дрвјата паѓаат“ премиерно на Берлинале

Ана Ололовска