Белградскиот Народен театар предлага одржување на „Отворен Балкан фестивал“

Од:

Вршителот на должност директор на Народниот театар во Белград (НП), Светислав Буле Гонциќ, денеска изјави дека предложил да се одржи „Отворен Балкан фестивал“ на кој ќе бидат вклучени културни институции од највисоко значење во Србија, Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.

Гоцчиќ на прес-конференција во Народниот театар рече дека ваквиот предлог наишол на многу добар одзив на неодамнешната средба на „Отворен Балкан“ во Охрид во разговор со министрите и директорите на националните театри на Северна Македонија и Албанија, како како и манифестацијата „Охридско лето“.

-Сметаме дека оваа иницијатива е најдобриот начин да се заокружи сликата на туристичка и културна размена која ги надминуваат формалните граници. Културата е многу поширока, нагласи Гонциќ.

Според неговите зборови, партнерите од Северна Македонија и Албанија биле поканети на консултативна средба на која ќе ги постават „основните параметри за одржување на ваква размена, која би претпоставувала и натпреварувачки дел, но и размена на уметници од областа на операта, балетот и драмата“, како и покренување на конкурс за драмски текст.

Гонциќ рече дека „иницијативата била добро прифатена“ и затоа што „Отворениот Балкански фестивал“ би можел да се одржи во Белград, Скопје и Тирана, со гостувае и на други од регионот.

-Кога ќе ги завршиме дискусиите, ќе ве информираме за датумите и начинот на покренување на фестивалот. Мислам дека ова е многу важно и дека националната куќа (НП) има обврска да спроведе нешто такво во дело, рече Гонциќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“

На иницијатива на Ковачевски Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Ана Ололовска

Вучиќ по средбата со Ковачевски и Рама: Се договоривме да заврши процесот за осигурување на работните дозволи

Ана Ололовска