Башески: Филмскиот фонд со евидентен прогрес во филмската продукција во Македонија

Од:

Филмскиот фонд на Македонија постигна евидентен прогрес во филмската продукција во земјава, оцени на денешната прес-конференција директорот на Фондот Дарко Башески.

Во последните пет години, според него, од Филмскиот фонд реализирани се 61 филм проект, а зголемено е и присуството на меѓународни филмски фестивали. Во оваа година филмовите биле присутни на 192 филмски фестивали, а во последните четири години учествувале над 417 филмски фестивали. Годинава филмовите на Филмскиот фонд освоиле 30 награди на меѓународни филмски фестивали или во последните четири години 81 награда.

Како еден од поголемите успеси Башески го издвои филмот „Трето полувреме“ во режија на Александар Попоски кој, како што рече, има над 700.000 гледачи, а проекциите сеуште се во тек.

– Годинава имавме голем успех на Берлинскиот филмски фестивал каде учествувавме со три филма „Жената што си ги избриша солзите“ во режија на Теона Митевска, „Парада“ на Срѓан Драгојевиќ и „Бардо“ на Марија Апчевска. На Канскиот филмски маркет своја презентација имале  „Жената што си ги избриша солзите“, „Балканот не е мртов“ и „Трето Полувреме“ на Дарко Митрески, додека продуцентот Роберт Насков беше македонски кандидат на Продуценти во движење, истакна Башески.

Во текот на 2012 година, тој нагласи дека е  одржана пред селекција за Канскиот филмски фестивал, како и работилници за време на Синедејс.

Оваа година, додаде Башески, Филмскиот фонд набави дигитални кино проектори за Центрите за култура во државата.

– Во првата фаза годинава кино проектори добија кино салите во Куманово, Охрид, Струга, Делчево, Крива Паланка, Неготино, Кочани и Гостивар, а за идната треба да добијат Тетово, Дебар, Кичево, Велес, Струмица и Прилеп.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето