Барокната опера „Дидо и Енеј“ постави платформа со нови естетски вредности

Од:

Конечно, и во Скопје, се реализираше премиерата на камерната опера „Дидо и Енеј“! Со овации и силни аплаузи во петокот вечерта во малата сала на Филхармонија, беа испратени сите оние ѕвезди кои стапнаа на сцената. Нешто што е веќе практика на светските сцени, да се постави барокна опера и тоа во концертна верзија, сега и кај нас се случи со намера на организаторите да ја приближат публиката до музичката и содржинската суштина на делото.

Сосем едноставно, модерно и професионално тимот на “ПОЛИФОНИЈА” повторно ја оствари својата идеја несебично создавајќи подиум за репрезентација како на странски така и на домашни талентирани уметници. На сцената настапија солисти од Македонија, Германија, Грција, Италија, Канада и Каталонија чие заедничко музицирање беше посветено на магична музика од 17ти век напишана од славниот Хенри Персел.

Настанот без сомнение донесе нови звучни и естетски хоризонти под македонското музичко небо! Ликовите од операта Дидо и Енеј, беа насликани навистина волшебно, посветувајќи се целосно на приказната и се разбира, на сите музички карактеристики со звучната поддршка на солистите од ансамблите на Г.А.П. и ПОЛИФОНИЈА како и хорот ИН МЕДИАС РЕС.

И не само ансамблите, туку и солистките од Канада, Криста де Силва од Операта на Калгари и Лаура Џин Елигсен од Виенската Државна Опера, како и нашиот баритон со светска кариера – Васил Гарванлиев го внесоа својот уметнички, креативен капацитет кој очигледно е навистина висок. Браво за организацијата на целиот настан. Настан, редок за нашата музичка култура, настан кој ќе се памети, концерт кој треба да се повтори, за да слушаме и гледаме врвни уметнички вредности!

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски