Балканскиот танцов проект „Сви марш на плес“ на „Охридско лето“

Од:

Свежо и иновативно театарско искуство со музиката на „Бијело Дугме“ и кореографската поставка на танцовите на Игор Киров вечер е на програмата на Фестивалот „Охридско лето“. Сцената „Долни Сарај“ ќе биде исполнета со танц и музика што ги носи претставата „Сви марш на плес“, во измислен свет во кој познатите хитови на култниот екс-ЈУ бенд стануваат основа за приказната за едно време и една генерација.

Tема на повеќето песни на оваа група е љубовта и љубовните односи, од оние кои ги посакуваме до оние кои се живеат, или пак оние кои веќе се на нивниот крај и припаѓаат на носталгична рефлексија на нивните јунаци. Инспирација за атмосферата на претставата е најдена во спотовите на бендот- енергични, разиграни, потполно во духот на светските трендови на тогашната рок сцена. Рок движењето во поранешна Југославија беше симбол на еманципација на младите и на прогресот на општеството, додека пак неговиот предзнак сепак алудира на руралниот контекст на едно општество кое сѐ уште не созреало, но како такво има и свои позитивни страни- чистина и детска наивност. Токму тие позитивни страни се основа за звукот на Бијело дугме кој успешно ги спојува традиционалните елементи со оние современи, препознатливи локални звуци и со алтернативните звуци на рокенролот.

Македонскиот кореограф со меѓународна кариера Игор Киров, ги користи токму омилените и препознатливи мелодии и хитови на Бијело Дугме во креирањето на динамична танцова претстава чие дејствие е сместено во замислена младинска работна бригада кои беа типични за летните работни акции во првата половина на 80-те години на минатиот век. Енергија и предаденоста на танчарите на модерниот балет, во комбинација со музиката на Горан Бреговиќ и креативниот импулс на Киров гарантираат неповторливо естетско доживување.

Во претставата играат Емир Фејзиќ, Зулеја Кечо, Бранко Митровиќ, Лука Живковиќ, Јакша Филиповац, Енди Шроете, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Ана Кузмановиќ.

Почетокот на претставата е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор