„Балкански ангели“ – изложба на бугарскиот скулптор Пројнов

Од:

Во Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје е отворена изложба на скулптури „Балкански ангели“ на бугарскиот скулптор Александар Пројнов-Апер.

Изожбата е поставена по повод националниот празник на Бугарија – 3 Март и опфаќа 32 минијатури од пластика. Ја отвори директорката на БКЦ Светлана Славова.

Скулпторот Пројнов работи во областа на монументалната уметност. Имал 25 самостојни изложби во Европа и повеќе од 800 во Бугарија.

Негови дела се наоѓаат во приватни колекции и во галерии, како во Ватикан и во седиштата на НАТО и ЕУ. Пројнов е автор на европскиот медиумски симбол „Зевс и Европа“ под покровителство на Владата на Франција.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“