Балетската претстава „Шехерезада“ во МОБ

Од:

Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе ја изведе балетската претстава „Шехерезада“ на музика од Николај Римски Корсаков.

Кореограф на „Шехерезада“ во МОБ е Михаил Крапивин од Москва, сценограф е Марија Ветероска, а костимите ги изработи Маја Бурсаќ од Србија.

– Мистична, елегантна и егзотична. Балетската претстава работена по мотиви на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе ни ја раскажат балетските првенци Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, соопшти МОБ.

Ќе настапат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска.

Би можело да ве интересира

„Арт балет“ од Скопје освои седум златни медали на Европското првенство по танц во Москва

Ана Ололовска

Две изведби на балетската претстава „Есмералда“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Есмералда“ со две изведби во НОБ

Ана Ололовска

Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ во НОБ

Ана Ололовска

Василичарскиот концерт „Легенди“ утре и задутре во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Четири изведби на балетот „Оревокршачка“

Ана Ололовска