Балетската претстава „Ана Каренина“ повторно на сцената на МОБ

Од:

Балетската претстава во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски, повторно на сцената на МОБ на 19 март 2019, со почеток во 20.00 часот.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, на сцената на Македонската опера и балет ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа, балетските уметници на МОБ, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

Би можело да ве интересира

Нова македонска опера на европската музичка сцена

Ана Ололовска

ВИДЕО: Концертот на Андреја Бочели го гледале скоро 25 милиони луѓе

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Концерт на Андреа Бочели во живо: Да ја прегрнеме оваа ранета планета

А1он

Андреја Бочели со настап во катедралата Дуомо за Велигден

Ана Ололовска

Откажана оперската претстава „Кармен“ што беше најавена за 13 март

Ана Ололовска

Ана Дурловска доби позитивна критика за настапот во Големиот театар во Женева

А1он