Аудиција за играниот филм „Сестра“ на Дина Дума

Од:

Кандидатите заинтересирани за улоги или статисти во играниот филм „Сестра” во режија на Дина Дума може да се пријават на отворената аудиција која ќе се одржува денеска и утре од 10 до 18 часот во просториите на „Вардар филм“.

Продукциите „Круг филм“ и „Лист продукција“ соопштија дека филмот е приказна за соочување на две најдобри другарки тинејџерки со последиците од сопствените акции и е тест за нивното другарство.

– Ги повикуваме да дојдат сите кандидати заинтересирани за улогите во филмот, но и за статисти. Тие може да бидат на која било возраст или пол. Аудицијата ќе се состои од фотографирање и кратко видеопретставување, а ќе биде реализирана од кастинг-агенцијата „Гужва“, соопштија продукциите на „Сестра“, кој е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето