Аудиција на МОБ за талентирани учесници во мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше

Од:

Македонската опера и балет повикува талентирани изведувачи да бидат дел од премиерата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески.

– Пријавете се и бидете дел од големото Балканско талент шоу, кое ќе ги донесе најталентираните кандидати на сцената на Македонската опера и балет. Бидете дел од премиерната изведба на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески. Покажете ги вашите музички, актерски и танцувачки способности, соопшти МОБ.

Заинтересираните кандидати треба да пратат податоци (име,  презиме, фотографија, години на раѓање и место на живеење) на електронската пошта: [email protected] најдоцна до 15 ноември 2016 година. За дополнителни информации може да се јават на телефонскиот број  077/  729-449.

Би можело да ве интересира

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска

Изложба во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов