Атанасов: СДСМ го партизира и депрофесионализира „Танец“

Од:

Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите запраша кој е квалитетот на Стојанче Павловски за да биде поставен за прв човек на „Танец“.

– Која е програмата со која што Стојанче Павловски се издвоил од останатите кандидати за директор на Танец? Која е неговата визија за ансамблот? Која е дополнителната вредност на Павловски кој има завршено средно градежно за да биде поставен на ваква функција? Во што е тој подобар од маестро Зоран Џорлев, познат македонски виолинист, вокален изведувач и професор кој досега ја вршеше функцијата директор на Танец. СДС молчи затоа што нема одговор на овие прашања. Одговорот на овие прашања е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. ВМРО-ДПМНЕ поставуваше искусни и компетентни кадри, со визија и со знаење како да ги реализираат проектите, а СДС поставува неспособни партиски послушници кои не можат да придонесат за државата и граѓаните и чие именување се врши само од една причина. Со народни пари да се задоволуваат апетитите на партиските послушници, рече Атанасов.

Тој додаде дека Алаѓозовски и СДСМ биле варвари на културата и дека вршеле вистински масакар врз културата и културните установи. Како што рече Атанасов, СДСМ го партизирала и депрофесионализирала најголемиот репрезент на македонската култура во светот, Ансамблот „Танец“.

– Со поставувањето на Стојанче Павловски, човек со завршено средно градежно образование за директор на „Танец“, СДС покажува дека унапредувањето и развојот на културата не им се приоритет, туку на културaта гледаат како на уште едно министерство кое треба да се наполни со партиски потрчковци и целосно да се партизира. Со поставувањето на партискиот послушник Павловски за прв човек на „Танец“, СДС покажува дека не се колеба во целосната партизација на општеството, рече Атанасов.

Според него, СДСМ вршела вистинска деструкција на „Танец“ што ќе имала несогледиви последици по репутацијата на истиот низ светот, но и за понатамошниот опстанок на истиот.

– Алаѓозовски и СДС ја потценуваат оваа установа која е најголем промотор на македонската култура повеќе од 6 децении, која има одржано повеќе од 4.500 концерти пред околу 8 милиони гледачи. За безобразниот и игнорантски однос на СДС кон културата граѓаните жестоко ќе ги казнат на претстојните локални избори, заврши Атанасов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска

Мисајловски: Куманово има преубава позитивна енергија која води до Силјановска Давкова

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи, Фридом хаус констатира назадување во борбата со корупцијата и влијанија во судството

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно фалсификати од школата на Асаф, класична монтажа – единствен кој злоупотребува болни е СДС

Мицкоски: Ромите биле, се и ќе останат значаен чинител на македонското мултикултурно општество

Орце Костов