„Астрофото“ натпревар од 15 октомври во Скопје

Од:

Од 15 октомври до 15 ноември годинава во Скопје првпат ќе се одржи „Астрофото“ натпревар, на кој учесниците ќе можат да прикажат фотографии од астрономски тела, предмети и објекти.

Содржината на фотографијата треба да биде од документарен карактер, а фотографијата на астрономски тела, предмети, објекти, појави, небесни настани и области во Вселената на ноќното небо може да биде направена во или надвор од земјава. Учеството е слободно преку пријавување на формулар за учество.

Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник во натпреварот, а бројот на фотографии прикачени од еден автор е неограничен.

Фотографиите ќе можат да се прикачат на Ризницата на Википедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти. Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди.

Натпреварот на фотографии е организиран од здружението „Споделено Знаење“ огранок на Википедија/Викимедија во земјава во соработка со „Скопското астрономско друштво” на теми од астрофотографија односно фотографии на астрономски тела и предмети во вселената.

Би можело да ве интересира

Промовирана книгата „Дванасет македонски фотограф(к)и“

Ана Ололовска

Промовирана фотомонографија „Црвениот виор на Тоде Ивановски“ од авторот Данка Јанковска

Ана Ололовска

Бесплатен курс за уметничка фотографија на Фото кино клуб „Козјак“ – Куманово

Ана Ололовска

Граѓански Центар АктивУм објави конкурс за фотографии за старо и ново Куманово

Ана Ололовска

Мајкл Волф: Човекот кој пронајде убавина во огромните градови

Ана Ололовска

„Народните носии низ објективот на Тошо Дабац“ – фотоизложба од Хрватска

Ана Ололовска