Археолошки истражувања на „Кртозов рид” кај кавадаречко Дреново

Од:

Археолошки се истражува на локалитетот „Кртозов рид” кај кавадаречкото село Дреново. Директорот на Музеј галерија Кавадарци, кустос-советник, археолог Весна Ѓорѓиева денеска информираше дека активностите се во рамките на проектот „Систематско, археолошко истражување на локалитетот Кртозов Рид, село Дреново, прифатен и финансиски поддржан од страна на Министерството за култура.

– По пауза од две години, ппродолживме со активности врз основа на добиената дозвола за работа од страна на Управата за заштита на културното наследство. Археолошкиот локалитет се наоѓа на околу еден километар северозападно од село Дреново, на терен на обработливо земјиште, лево од селскиот пат, спроти т.н. „Прочистителна станица“, на простор каде денес се наоѓаат лозја и ниви во приватна сопственост. Евидентиран е во археолошката карта како раскошна вила, односно полски имот, а во АК на Кавадарци и во евиденција на недвижно културно наследство, како вилла рустица од раноримскиот и доцноримскиот период, кој се наоѓа на северозападната периферија од селото, соопшти Ѓорѓиева.

Според досегашните истражувања на локалитетот, нагласи таа, ин ситу е откриена нова ранохристијанска базилика која според досегашните сознанија датира од V и VI век, со раскошна архитектонска диспозиција со сите елементи што се карактеристични за овие градби.

-Олтарна преграда со парапетни плочи со крстови, розети и монолитни столбови со бази и капители и мозаик во апсидалниот простор, прв од ваков вид во кавадаречко, крстовидна крстилница, некропола, а секако и останати археолошки наоди кои даваат можност за нови значајни сознанија, фази на градби, а секако и согледување на културните појави што настанале на овој простор и неговата непосредна околина, појасни директорката, која е и раководител на ископувањата.

Освен неа, стручниот тим го сочинуваат и колегите од овој музеј, Раде Атанасов – кустос археолог, Трајче Цветков – историчар на уметноста и археолог, Костадинка Филипова од Музеј на град Неготино.

-Покрај стручниот тим, работници, студенти, колеги од сродни институции и волонтери, активно учество во реализација на активностите како и досега имаа учениците од повисоките класови од гимназијата “Добри Даскалов”, со професорот по историја Наташа Матакова. За учениците истражувањата имаа едукативен карактер, додаде Ѓорѓиева.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска