„Ана Каренина“ на сцената на Националната опера и балет на 19 септември

Од:

Балетската претстава во два чина „Ана Каренина“ со одбрана музика од рускиот великан Петар Илич Чајковски на сцената на Националната опера и балет на 19 септември, со почеток во 20.00 часот.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичка, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа, балетските уметници на НОБ, на чело со впечатливиот, емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења на Мими Поп Алексова Атанасовска како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски, Васил Чичијашвили од Грузија како гроф Каренин, ќе ги пренесат сите емоции кои го означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…

Би можело да ве интересира

Две изведби на балетската претстава „Есмералда“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Есмералда“ со две изведби во НОБ

Ана Ололовска

Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ во НОБ

Ана Ололовска

Четири изведби на балетот „Оревокршачка“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Оревокршачка“

Ана Ололовска

Балетот одбележува 70-годишниот јубилеј

Ана Ололовска