Ана Дурловска доби позитивна критика за настапот во Големиот театар во Женева

Од:

Македонската оперска дива, Ана Дурловска настапи во Големиот театар во Женева.

Критичарите со голем број на комплименти и позитивни критики го опишаа настапот на македонската дива за нејзината изведба на „Marguerite de Valois“ во операта “Хугените” („Les Huguenots“) на германскиот композитор Giacomо Meyerbeer.

“Ни металниот призвук во гласот, ни нерафинираниот француски нагласок не ја намалија вредноста на нејзината цврста и сигурна песна. Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна, поготово кога великодушно се вдаде во одигрувањето на забавната сцена на заведување на Раул,толкуван од Американецот John Osborn“, велат критичарите.

Свесни дека денес операта “Протестанти” не е возможно да се претстави во оригиналниот облик, режисерите Џоси Филер и Серхио Морабито одлучиле љубовната приказна помеѓу протестанти и католици, толку испреплетена со историскиот контекст на „Мејерберовата“ опера да ја освежат со сместување на дејствието во филмско студио во златното време на Холивуд.

Преку многу хумористични делови, новата интерпретација ги олеснува трагичните историски моменти во кои се одвива дејствието.

За финалето планирале бурлеска меѓу кралицата „Marguerite de Valois“ (Ана Дурловски) и „Raoul Huguenot“, што од сите беше опишано како сјаен сценски момент.

Според швајцарсите критичари, „ Џон Озборн, Вилис Соренсен и Ана Дурловски триумфираа во своите главни улоги, под визионерската музичка режија на Марк Минковски“.

Би можело да ве интересира

Нова македонска опера на европската музичка сцена

Ана Ололовска

ВИДЕО: Концертот на Андреја Бочели го гледале скоро 25 милиони луѓе

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Концерт на Андреа Бочели во живо: Да ја прегрнеме оваа ранета планета

А1он

Андреја Бочели со настап во катедралата Дуомо за Велигден

Ана Ололовска

Откажана оперската претстава „Кармен“ што беше најавена за 13 март

Ана Ололовска

„Макбет“ со првенците на Операта Борис Трајанов и Весна Ѓиновска-Илкова

Ана Ололовска