Актерот Ѓорги Јолевски добитник на наградата Гран при на Фестивал на монодрама во Битола

Од:

Актерот Ѓорги Јолевски е годинешен добитник на највиското фестивалско признание наградата Гран при, како и на наградата за најдобра режија на Фестивал на монодрама „Битола 2021“.

Според одлуката на стручното жири, Јолевски наградите ги доби за монодрамата „Последната лента на Крап“ од Самјуел Бекет, во која ток е актер и режисер, копродукциски проект на МНТ Скопје и Перипетија Продукција од Скопје.

Со одлука на жирито во состав на Весна Петрушевска, Тодор Кузманов и Љупчо Ѓоргиевски-Бубе, награда за најдобар актер се доделува на Биљана Драгичевиќ Пројковска од Драмски театар-Скопје за претставата „Кармен“од Мигел Делибас, во режија на Дејан Пројковски, а наградата од публиката му припадна на актерот Ефтим Трајчов Ѓаурски за монодрамата „Избувливиот човек“ од Чехов во режија на режија Перо Даниловски, проект во продукција НУЦК „Бели Мугри“ Кочани.

Наградите на најдобрите актери ќе им бидат доделени вечер на театарската сцена „Благоја Стефановски-Баге“ во Битола, на која во чест на наградените премиерно ќе биде изведена претставата „Луди за љубов“, информираа од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на Фестивалот на монодрама во овој град.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска