Агенцијата за филм ќе ги поддржи долгометражните играни филмови на Игор Алексов и Сабедин Али

Од:

На конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм (втор рок на одлучување) аплицираа вкупно 53 проекти (играни, документарни и анимирани), од кои 35 долгометражни и 18 краткометражни, информираат од Агенцијата за филм на Северна Македонија.

Поддршка за реализација на мнозински долгометражни играни филмови добија дебитантските проекти на режисерот Игор Алексов за проектот „Тајната на голиот рид“ во продукција на „Сити стар продукција“ и режисерот Сабедин Али за „Паркот“ во продукција на „Визиони плус“.

Оттаму соопштија и дека ќе се снимаат и шест краткометражни проекти од кои 4 играни филмови, 1 документарен и 1 анимиран филм.

Вкупниот буџет за поддршка на овие проекти изнесува 50.550.000,00 денари.

– Управниот одбор го пролонгираше рокот за аплицирање на овој конкурс со цел да даде доволно време за одлучување и запазување на сите процедури при изборот на најдобрите филмски проекти од кои очекуваме успешна реализација. Верувам дека сите 13 проекти кои ги поддржува Агенцијата во овој Конкурс (втор рок на одлучување) ќе бидат еднакво квалитетни, како во последните четири години и со тоа ќе ги продолжиме големите успеси на македонската кинематографија, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм. оџ/дма/

Линк резултати: http://filmfund.gov.mk/wp-content/uploads/2021/12/prifateni-proekti-vtor-rok-2021.pdf

Би можело да ве интересира

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби

„Банана филм“ на Манчевски поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм