Агенцијата за филм ги откажува сите состаноци, ќе комуницира со странките електронски и телефонски

Од:

Агенцијата за филм воведува дополнителни мерки за заштита од вирусот  КОВИД-19. Како што соопшти, од денеска до завршувањето на ограничувањата што ги препорачаа Владата и Министерството за здравство согласно СЗО, ги откажува сите состаноци, а странките се замолуваат целата своја документација да ја доставуваат по електронски пат на [email protected].

-Целата документација што ќе биде доставена во Архива, да биде скенирана или сликана, да биде видливо и читко и документот ќе се смета за уредно доставен и истиот ќе биде заверен во деловодната книга, а ќе има кратка потврда за примениот документ, препорачува Агенцијата.

Директорот и вработените остануваат достапни на фиксниот телефон 02 3 224 100, како и на службените електронски адреси [email protected] и [email protected], но и на мобилните телефонски броеви и меил адреси кои ги има на веб страницата на Агенцијата.

-Мерките кои ги донесуваме се за претпазливост и со нив придонесуваме кон јавното здравје и општествената одговорност. Во натамошното работење ќе се раководиме од мерките и препораките што ќе ги донесуваат Министерството за здравство и Владата, наведува Агенцијата.

Би можело да ве интересира

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби

„Банана филм“ на Манчевски поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм

Реакција од Агенцијата за филм за информациите за работењето на „Банана филм“

Ана Ололовска

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов