Агенција за филм: Историски настан за македонската кинематографија

Од:

Ова е историски настан за македонската кинематографија. Првпат и во историјата на Оскарите се случува документарен филм да биде номиниран во две категории. Ремек делото од документарец кој во изминатава година освои неброени награди и признанија а главниот лик пчеларката Атиџе стана симбол за подигање на свесноста за природата и воопшто етиката и човечноста, се доближи до врвното светско филмско признание, соопшти Агенцијата за филм откако попладнево Американската филмска академија објави дека документарниот „Медена земја“ е номиниран во двете категории во кои беше во потесен избор – за докуменрарец и за интернационален филм.

Тимот на „Медена земја“ се огласи со соопштение на официјалната фејсбук-страница во кое се заблагодарува на Американската академија (AMPAS) за тоа што го вклучи филмот во трката за најпрестижната филмска награда на светот.

– Пред сѐ, би сакале да се заблагодариме на членовите на Американската академија (AMPAS) за тоа што го вклучи „Медена земја“ во трката за најпрестижната филмска награда на светот. Преку жената која случајно ја сретнавме, пред светот се отвори приказна – алегорија на една глобална слика каде хуманото и натуралното се борат да преживеат.

Атиџе и пчелите се прототип за новиот генетски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде природата се бори со деструктивното. Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот, преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето. Уште еднаш, бескрајна благодарност до членовите на Акедемијата што филмот го нарекоа – материјал заслужен за Оскар, пишува на Фејсбук-страницата на „Медена земја“.

Би можело да ве интересира

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби

„Банана филм“ на Манчевски поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм

Реакција од Агенцијата за филм за информациите за работењето на „Банана филм“

Ана Ололовска

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов