5,5 милиони евра од Министерство за култура за споменикот на Мајка Тереза

Од:

За споменикот на Мајка Тереза, Министерството за култура ќе потроши 5,5 милиони евра . Откако пропадна донацијата на Субрата Рој кој заврши во затвор во Индија, македонската влада преку Министерството за култура ќе го финансира овој споменик.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, тендерот за изградба го добила градежната компанија „Бетон“ Скопје, со која пред два дена, Министерството склучило договор за градба. Во договорот пишува дека објектот треба да биде изграден во рок од 18 месеци.

Претходно е веќе објавено дека „скулптуралната композиција“ ќе биде со ликот на Мајка Тереза заедно со ангели, како дел од фонтана која ќе ја краси и цвеќарник и други елементи. Композицијата ќе ја сочинуваат фигури на Мајка Тереза со болно дете и родители кои ќе зафаќаат простор.

Дел од композицијата треба да бидат и фигури на чесна сестра со инвалид, чесна сестра со болен што седи, чесна сестра со болен што лежи и чесна сестра со болен што седи на карпа. Фонтаната ќе ја красат неколку помали во различни положби и еден централен ангел. Ќе има и декоративни елементи во вид на пехар. При изработка на спомен-обележјето ќе се користи бронза, мермер, инокс и други материјали вообичаени за изведба на спомениците.

Објектот ќе биде во висина од 32 метри. Идејното решение за овој најнов елемент од „Скопке 2014“ е Валентина Стефановска.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

Тодоровиќ потпишувал и група од 15 лица переле пари преку Италија – со Воинот на коњ, лавовите проневериле над 16 милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

Уништени таблите на кои пишуваше дека Филип и Аминта се Хелени

Искра Манојлоска

Меѓународен ден на спомениците и локалитети – 18 Април

Ана Ололовска

Хрватски новинар: Скопје е џунгла – раскопани улици, некултурни таксисти, блокиран сообраќај, распаднати болници и училишта

Кристијан Ландов

Ќе се засилуваат инспекциите и надзорот на спомениците на плоштад