50 години Светска галерија на Карикатури и ОСТЕН биенале на Цртеж Скопје 2018

Од:

Оваа година е посебна за ОСТЕН уметност на хартија, година на голем јубилеј на една од главните активности – 50 години СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ. Истовремено, успешно заврши процесот на пријавување, селекција и жирирање на редовното издание на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2018.

За промоција и на двете активности, ОСТЕН планира богата програма од изложби, церемонија на доделување на награди и признанија, промоција на публикации од издавачката дејност на ОСТЕН и премиера на документарен филм. Официјалната програма ќе се одвива од 13 септември до 13 декември 2018 во галерија ОСТЕН, во Национална галерија на Македонија – Чифте амам и во ЕУ инфо центарот во Скопје.

50 години СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2018 (1969 – 2019)

СВЕТСКАТА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ е основана од прогресивната меѓународна заедница на 6-те Средби на солидарност во Скопје во 1969 г. Со тоа Скопје стана важна референтна точка на оваа дејност на мапата на светот. Фактот што голем број најзначајни македонски карикатуристи, уметници, писатели и општествени дејци биле вклучени во развојот на Светската галерија на карикатури (Блаже Конески – кум на името, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Василије Цицо Поповиќ, Панде Јаревски, Миле Попоски, Дарко Марковиќ, Владо Јоциќ, Дукан Јелен, Ефтим Проевски, Димитар Чудо, Ане Василевски, Мице Јанкуловски…) претставува голема обврска, но и мотив одбележувањето на годишнината да се организира најдостоинствено. Со цел 50 годишнината од Светската галерија на карикатури да биде трајно забележана во културниот и општествениот живот на нашата и меѓународната заедница, ОСТЕН ќе организира документарна изложба, ќе издаде публикација и ќе продуцира документарен филм “50 години Светска галерија на карикатури (1969 – 2019).

ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2018

ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ секое наредно издание е се поуспешно, за што говорат и бројките: на овогодишното издание, на ОСТЕН Биенале на цртеж Скопје 2018 пристигнаа пријави од 868 автори од 61 земји од светот со 2317 пристигнати дела,

Освен според бројот на учесниците, ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ зазема се позначајна позиција во светот на уметноста преку соработката со исклучително значајни уметници. Во прилог на тоа говори фактот дека главните награди на Биеналето се доделени на:

Пјер СУЛАЖ, Франција – ГРАН ПРИ ЗА ЖИВОТНО ОСТВАРУВАЊЕ
Хенри МУР, Обединето кралство – Награда СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

СЕЛЕКЦИЈА и ЖИРИРАЊЕ

Огромниот интерес за учество на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2016 бараше посебно професионален пристап при процесот на селекција, па тој се одвиваше во две фази: селекција (селектор) и жирирање (меѓународно жири).

Селекторот Лука КУРЧИ, Италија се погрижи за селектирањето на делата (270 автори) кои ќе бидат претставени во каталогот на ОСТЕН Биеналето на цртеж Скопје 2018 и ќе бидат изложени на изложбата на Биеналето во Националната галерија на Македонија – Чифте амам.

А, во процесот на жирирање меѓународното жири во состав:

Манос СТЕФАНИДИС, Грција – професор на државниот универзитет во Атина и куратор на Националната галерија на Грција
Соња АБАЏИЕВА, Македонија – историчар на уметност, куратор и критичар
Мелани ЗЕФЕРИНО, Обединето кралство / Италија – теоретичар и куратор со крос-дисциплинарна заднина, куратор на Биеналето на современа уметност Фиренца

… издвои уметници/дела со најголеми и најоригинални уметнички достигнувања.

ОФИЦИЈАЛНАТА ПРОГРАМА на ОСТЕН уметност на хартија ќе се одвива од 13 септември – 13 декември 2018 (деталната програма во посебен прилог).

Централниот настан ќе се одржи на 22 ноември 2018 во Националната галерија на Македонија – Чифте aмам, каде ќе се одржи голема изложба со дела од 270 меѓународни уметници, доделување награди на уметниците кои ќе бидат присутни на настанот, документарна изложба “50 години Светска галерија на карикатури (1969 – 2019) и доделување на признанија на партнери и соработници на СВЕТСКАТА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ и БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ.

ПР објава

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Доделени наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“

Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето

Ана Ололовска

„Остен“ одбележува 75 години со две изложби од 1 до 10 октомври

Ана Ололовска

Изложба на слики, цртежи и графики од колекцијата на „Остен музејот на цртеж“

Ана Ололовска

Завршува „Остен биеналето на наградени автори 2019“ во Охрид

Ана Ололовска