34. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“

Од:

Подготовките за вечерашното гала отворање на 34. издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ забрзано се завршуваат.

Во Битола, попладнево веќе пристигна годинашниот добитник на „Златната камера 300“ за животно дело, Хосе Луис Алкаин, кој е најдобриот шпански кинематографер, а кој со својот импозaнтен опус од над 145 филмови е еден од рекордерите со толкава филмографија, што го вбројува меѓу најзначајните европски и светски кинематографери.

Хосе Луис Алкаин го предводи и годинашново меѓународно жири на Фестивалот, кое ќе одлучува за главните награди. Тој и неговата сопруга Марија Долорес Осуна Камер, пристигнаа од аеродромот во Солун.

Роден е на 26. декември 1938. во градот Тангер во Мароко, каде се школувал во Тангерската француска гимназија Ренол (Tangier’s French Lycee Regnault) како и во шпанскиот Институт.

Алкаин се смета за најзначаен шпански кинематографер, познат како близок соработник  на водечките режисерски имиња како Педро Алмодовар со кого Алкаин изгради респектиран креативен тандем, потпишувајќи се на неколкуте култни филмови на Алмодовар, какви што се: Ени на работ на нервен слом/Mujeres al borde de un ataque de nervios/Women on the verge of a nervous breakdown (1988, со актерските sвезди на Алмодовар: Кармен Маура и Антонио Бандерас); Врзи ме горе! Врзи ме долу!/Atame!/Tie me up!Tie me down! (1990, со неговата голема актерка Викторија Абрил, која во 2009, на јубилејниот 30. фестивал „Браќа Манаки“, беше наша лауреатка на Специјалната Златна Камера 300 за осoбен придонес во светската филмска уметност); Лошо образование/Mala education (2004, учесник во главната програма на 25. Фестивал „Браќа Манаки“ и Номинација за наградата на ЕФА/Европската Филмска Академија), Враќање/Voler (2006, со уште една од Алмодоваровите актерски Диви: Пенелопе Кruz) се’ до поновиот Кожата во која живеам/La piel que habito/The skin i live in (2011, награда/„Prix Vulcain“ за најдобар кинематографер на фестивалот во Кан.

Алкаин значајна авторска соработка остварил и со други познати шпански режисери како Висенте Аранда, Бигас Луна и Карлос Саура.

Круна во плодната кариера на Хосе Луис Алкаин е освоениот Оскар во 1994 година за најдобар странски филм, за романтичната комедија Време на убавината/Belle epoque/The age of beauty (1992) на режисерот Фернандо Труеба, во приказната за еден војник дезертер од армијата во 1931, кој ќе дојде на фармата на еден селанец кој има 4 ќерки и неговиот проблем е што ги сака сите!

Инаку, за да дојде на фестивалот во Битола со славниот Алкаин се преговараше цели четири години. поради снимањето на филмовито како „Страст“ на Брајан де Палма и „Многу сум возбуден“ на Педро Алмодовар.

Александра Бубевска

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ