10 милиони денари за изградба на гробното место на Тоше Проески

Од:

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски денеска во Министерството за култура потпиша договор за изградба на спомен-обележјето на Тоше Проески, за што од Владата се доделени десет милиони денари.

Христоски информира дека постапката за имплементација на проектот ќе започне веднаш.

– Ние веќе работиме на целосната процедура за изградба на спомен-обележјето и сега по потпишувањето на договорот ги продолжуваме активностите се до реализација на долговетуваното градење на гробното место. Конечно, благодарение на Владата, ќе го изградиме спомен-обележјето и така Тоше ќе има достојно вечно почивалиште, изјави Христоски по потпишувањето на договорот.

Крушево го изготви идејното решение за уредувањето на вечното почивалиште на Тоше Проески на Гумење.

Како што објасни Сотир Габелоски, задолжен за односи со јавноста во општина Крушево, идејното решение е прифатено од локалната самопуправа пред околу два месеца. Автор е Жарко Чаушески кој единствен се пријавил на конкурсот. Иако се знаеше дека лани од Владата беа одобрени 150.000 евра за оваа намена, тие пари не биле искористени до крајот на годината поради долги административни процедури, па сега Општината повторно конкурираше и доби пари, но според друга основа, преку јавен повик за капитални донации до локалните самоуправи за финансирање капитални објекти од интерес на културата.

За идејното решение за вечното почивалиште на Тоше Проески е консултирано и неговото сермејство.

Од Оштината се надеваат дека конечно, по 12 години од трагичната смрт на Тоше Проески ќе биде достојно уредено неговото вечно почивалиште на истото место на Гумење каде сега под натстрешница се бројните постери, слики, предмети кои веќе 12 години ги оставаат неговите обожуватели не само од државава, туку и од целиот Балкан.

На Гумење веќе осум години е Спомен-куќата на Тоше Проески која, како и неговото вечно почивалиште, речиси никогаш не е без посетители. Досега Спомен-куќата ја посетиле над 650 000 гости од кои 30 отсто од странство. Во Музејот се поставени над 350 експонати поврзани со ликот и делото Тоше Проески.

Би можело да ве интересира

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска

Лилјана Петровиќ по смртта на Тоше ја промени професијата, таа повеќе не е менаџерка и не се занимава со музика

А1он

Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Ана Ололовска

Крушево се подготвува да го одбележи роденденот на Тоше

Ана Ололовска

Дванаесет години без Тоше

Ана Ололовска