Зима ја зафати Хрватска, снег и на Корчула

Од:

Хрватска ја зафати вистинска зима, а снегот и бурните ветрови во повеќето делови од земјата го парализираа сообраќајот.

Снег се спушти кон Далмација, а невремето што утрово ја зафати Корчула донесе снег и на повисоките места на островот, пишува денеска Далмација денес.

Според извештаите, температурата на крајбрежниот дел на островот се спуштила на 4,5 степени Целзиусови.

Зимското невреме создаде големи проблеми во сообраќајот.

Припадниците на херцеговската планинска спасувачка служба Посушје успеале да извлечат десетина возила од снежните наноси во реонот на природниот парк Блидиње во Херцеговина, во кој имало претежно Далматинци кои отишле на скијање во Босна и Херцеговина, пренесува порталот Индекс.

Иако патот беше затворен, возачите вчера се обидоа да стигнат до својата дестинација преку паркот на природата Блидиње, кој е најкраткиот пат до централниот дел на Босна и Херцеговина, но останаа заглавени поради снежните наноси.

Поради бурен ветер, сообраќајот е забранет за сите возила на автопатот А7 Драга-Шмрика, а сообраќајот е дозволен само за патнички возила на автопатот А6 Риека-Загреб меѓу Киковичи и Делница и на државниот пат Госпиќ-Карлобаг (DC25), пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари