Зенит го помилува Денисов

Од:

Капитенот Игор Денисов е вратен во првиот тим на Зенит, откако пред клубот и навивачите се покаја за незадоволството кое го покажуваше во изминатите неколку недели.

Денисов протестираше поради висината на годишните приходи кои ги добија засилувањата Хулк и Аксел Витсел, барајќи и неговата плата да биде зголемена.

Откако барањето не му беше прифатено тој беше отстранет од првиот тим. Ваквиот потег на клубот очигледно го „оладил“ Денисов која сам побарал состанок со раководните структури, на кој се извинил за своето однесување.

Денисов е еден од клучните играчи на Зенит и руската репрезентација, каде ја носи и капитенската лента.

Тој е играч на Зенит уште од 2002 година и беше еден од најважните играчи во освојувањето на три шампионски титули во руското првенство и трофејот во Купот на УЕФА во 2008 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат