Земја на храна и вино за неповторлив пречек на Новата година

Од:

Скопје е идеална дестинација за пречек на Новата година и ако решите, дефинитивно издвоите неколку дена за атракциите на градот за кои се исплатува да се земат неколку дена повеќе од годишниот одмор, пишува хрватскиот портал Punkufer.hr на ТВ Нова во репортажата за Македонија и нејзиниот главен град насловена „Малку пари, многу музика: земја на храна и вино за неповторлив пречек на Новата година“.

– Ретко ја избираат Македонија како дестинација за пречек на Новата година, но сега е време да се соочиме со вистината. Македонија во последно време доживува вистински процут на туризмот и од година во година ја посетуваат се повеќе туристи. На што се должи тоа? Прекрасната природа со зачудувачки планини, прекрасни езера и незаборавна традиција, само се дел од она што се нуди. Но еден детаљ се истакнува во понудата. Додека природните убавини навистина го одземаат здивот, главниот град на Македонија е целна точка за сите посетители на оваа држава, наведува порталот.

Пун куфер 3

Во репортажата, која ја пренесува и српски B92.net, се опишува местоположбата на Скопје – се наоѓа во горниот тек на реката Вардар, сместено на главната рута помеѓу Белград и Атина и е средиште на металуршка, хемиска, текстилна и кожна индустрија. 

– А како главен град има привилегија да биде дом на некои од најголемите културни институции во Македонија, како што се Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Македонската академија на науките и уметностите, Националниот театар, Македонската опера и балет. Една од позначајните институции е и библиотеката „Браќа Миладиновци“ која има над еден милион документи, наведува хрватскиот медиум. 

Посочува дека најголем музеј во Скопје е Музејот на Македонија и дека во него е прикажана бурната историја на оваа држава, а Археолошкиот музеј на Македонија ги содржи некои од најстарите историски наоди во овој дел од светот. За Националната галерија, пак, наведува дека презентира слики кои датираат од 14 век, а повеќето од нив го претставуваат историскиот период кога Македонија била под турска власт. 

Пун куфер 2

– Меѓу црквите дефинитвно се исплатува да се посети црквата „Свети Спас“ која делумно е градена под земја зашто според турските закони црквите не смееле да ги надвишуваат џамиите, пишува во репортажата за Скопје.

Во неа се спомнува и Охрид и езерото за кое истакнува дека настанало уште пред ледената епоха. Во езерските води, наведува текстот, се наоѓаат зачувани околу 200 ендемски видови од кои некои се постари од 30 милиони години, а одамна се изумрени во останатите делови од светот. 

– Поради своите исклучителни природни и културни карактеристики, Охриското Езеро и градот Охрид во 1980 година се вброени на листата на светско наследство и ставени под заштита на УНЕСКО. Езерото има површина од 358,2 квадратни километри. Денес езерото е синоним за одмор кај Македонците. Така градот Охрид станал исклучително популарен за туристите. Во последните години на самото крајбрежје се подигнати неколку стотини хотели и апартмани, а Македонците ја искористиле можноста и изградиле приватни куќи на, навистина, идеални локации, пишува Punkufer.hr. 

Пун куфер 5

На крајот репортажата се навраќа на Скопје за кое вели дека е прекрасен град преполн со историски локалитети кои досегаат до 4.000 години п.н.е..

– Ако сте вљубеник во историјата и уметноста или сакате добра храна и вино, Скопје и Македонија би требало сигурно да се најдат на вашиот попис на дестинации кои треба да се посетат, се наведува во репортажата на хрватскиот портал.&nbsp

Пун куфер 4

Фото: Gulliver/Thinkstock

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска