Затвореници бараат помилување и намалување на казните

Од:

Над 1000 затвореници се потпишале на петицијата со која бараат намалување на казните и помилување од Ѓорѓе Иванов.

Во текот на денот, како што информираа денеска адвокатите Звонко Давидовиќ и Душко Јовановиќ, тие ќе достават речиси 2.000 барања за помилување до претседателот Иванов, бидејќи од вкупно 3.152 осуденици, досега на списокот се потпишале 1.803 затвореници од машкото и женското одделение од затворот Идризово и од штипскиот затвор. Адвокатите Давидовиќ и Јовановиќ очекуваат бројот да се зголеми до крајот на денот и да се приклучат затвореници и од другите затвори низ Македонија.

Затворениците не бараат целосно помилување, туку намалување на казните. Доколку не им биде одговорено на нивните барања, најавуваат дека ќе протестираат и нема да гласааат на претстојните избори.

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он

Пронајдена дрога при претрес во прилепско: Затвореници развиле бизнис со препродавање наркотици

А1он