Заев: Посакувам многу успех на нашата земја

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев претпладнево гласаше во изборното место во основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица.

По гласањето посака многу среќа за сите граѓани и за Македонија.

– Денес е многу важен ден за Република  Македонија. Посакувам многу успех на нашата земја. Лична среќа, бериќет на сите граѓани. Среќни семејства, среќна земја. Посакувам наредниот период, да биде период каде што нашата земја ќе има забрзан економски развој. Добар раст. Граѓани, кои ќе бидат вработени и кои секако ќе го живеат животот многу посреќно од  денес, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Развојот на туризмот во Струга и Охрид наш приоритет

Ана Ололовска