Регионалните лидери во Охрид постигнаа договор за „малиот Шенген“, односно се согласија за конкретни мерки што ќе придонесат за развој и раст на трите земји, како и на другите земји од Западен Балкан.
Конкретните мерки опфаќаат:
– Патување на државјани на Србија, Северна Македонија и Албанија на територијата на трите земји со лична карта, по се изгледа од крајот на годината;
– Малиот Шенген отвора можност странците да патуваат во земјите на иницијативата без дополнителни визи. Ова ќе го зголеми бројот на странски туристи и ќе овозможи воспоставување на заеднички туристички понуди и дестинации;
– Заеднички дозволи за работа и признавање на квалификации и дипломи, без дополнителни постапки, што ќе обезбеди можност за движење на работната сила, а тоа ќе ја зголеми достапноста на работната сила и со тоа привлечноста на целиот регион за странските инвеститори;
– Студентска размена;
– Заеднички проекти за истражување и развој;
– Воведување 24-часовно работно време за сите гранични инспекциски служби, со фокус на фитосанитарна и ветеринарна инспекција, со што ќе се скрати времето на чекање за товарните стоки и слободното движење на стоки ќе има повеќе ефекти и ќе ја зголеми конкурентноста на целиот регион со околу 12 милиони жители;
– Унифициран „пакет“ на документација потребен за транзит на стока, со акцент на воведување на систем со што е малку „хартија“ кој би бил конзистентен со стратегијата за дигитален развој;
– Измени на законите од областа на пазарот на капитал, даночниот и финансискиот систем во сите три земји, со цел да се создадат услови за непречен проток на капитал;
– Натамошно зајакнување на прекуграничната соработка во областа на борбата против транснационалниот криминал и тероризмот, преку соработка во областа на миграцијата и помош во вонредни ситуации;
– Дефинирање на сопствени правила во многу области, со цел да се подобри привлечноста на трите земји и соработката, и на тој начин оваа иницијатива може да стане најважната политичка иницијатива во 21 век.
Ова е дел од мерките што ќе бидат дефинирани точно во Акциониот план, до следната иницијатива за состаноци во Драч, Албанија, на крајот на декември.
Иницијативата е отворена за сите земји во регионот.