(ВИДЕО) САД: Русија е најголема закана, во Европа ќе испратиме Ф-22

Од:

Военото воздухопловство на САД планира да го засили своето присуство во Европа како резулатат на зголемувањето на тензиите со Русија, изјави американскиот секретар за Воено воздухопловство, Дебора Ли Џејмс.

Најавата на Џејмс следи откако САД во јануари објавија планови за распоредување на авиони-ловци од типот Ф-35 во една воена база во Велика Британија.

– Тоа е само почеток. Ќе има уште (такви распоредувања). Ќе продолжите да гледате се повеќе сили, нагласи Џејмс при посетата на Саемот за воздухопловство во Бурже крај Париз.

Таа одби да даде повеќе детали за ваквите планови на САД, нагласувајќи дека „не гледа причина зошто ловците Ф-22 да не останат во Европа и во иднина“.

– Според мене најголема закана претставува она што се случува со Русија и нејзините активности. Тоа всушност е и една од главните причини зошто сум тука во Европа, доададе Џејмс.

Како што најави Пентагон, по престојот во Франција, Џејмс во следните денови ќе ги посети и Велика Британија, Италија, Кипар, Полска и Германија.

– Ќе ги смириме нашите сојузници со доказот дека сме рамо до рамо со нив, истакна Џејмс, при што ги повика земјите-членки на НАТО да ги зголемат буџетските средства за одбраната на договорените нивоа.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД