Волфганг Ишингер: Глобалниот поредок се распаѓа

Од:

Првиот човек на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер денеска оцени дека глобалниот поредок, онаков каков што го познанавме досега, се распаѓа.

– Идејата за меѓународен поредок, базиран на заеднички правила и организирана глобална структура, едвај може да се одржи, изјави Ишингер, додавајќи дека во иднина ќе бидеме сведоци на
уште поголемо ривалството меѓу суперсилите.

Како што јави ДПА, на една недела пред почетокот на овогодишната Минхенска безбедносна конференција, Ишингер како еден од аргументите за ваквиот свој став го посочи пропаѓањето на Договорот за забрана на ракетите со среден и краток дострел (ИНФ), склучен меѓу Вашингтон и Москва.

– Пропаѓањето на договорот е трагедија за европскиот безбедносен ред и сериозна опасност, оцени Ишингер, додавајќи дека тоа може да повлече пропаѓање и на други договори за разоружување склучени меѓу САД и Русија.

САД минатата недела соопштија дека се повлекуваат од ИНФ, кој беше склучен во 1987 година, по што и Русија најави дека ќе го стори истиот потег. Двете земји меѓусебно се обвинуваат дека ги прекршуваат одредбите на договорот.

Минхенската безбедносна конференција годинава ќе се одржи од 15 до 17 февруари и на неа се очекува учество на околу 40 шефови на држави или влади и речиси 100 министри.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски