Водовод и канализација апелира до граѓаните да не фрлаат отпад во канализациската мрежа

Од:

Одржувањето на системот за одведување на урбани отпадни води и третманот на отпадните води е од исклучително значење за заедницата, за санитарната и здравствена заштита, како и за заштита на животната средина од загадување.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се често сведоци на затната канализациска мрежа, а како причина за тоа е неправилно одложен отпад од домаќинствата, градежен шут, кабаст отпад и други предмети, велат од Водовод и канализација, од каде апелираат до граѓаните да не фрлаат отпад во шахтите за канализација.

„Канализацискиот систем не е депонија. При неодговорно и несовесно одлагање на отпад во системот за одведување на урбани отпадни води, се нарушува неговата функционалност и најчесто доаѓа до излевање на отпадните води, кои
доколку не се пречистени и правилно третирани штетно влијаат врз здравјето на луѓето и врз животната средина.
Затоа „Биди одговорен, однесувај се совесно“, заштити го канализацискиот систем, здравјето и животната средина. Правилно одложувај го отпадот – селектирај го за да се рециклира и реупотреби. Доколку си далеку од контејнерите за селектиран стаклен отпад, повикај го тимот на Пакомак на 072 26 66 26. Сортирај го кабастиот отпад и за негово
отстранување повикај ги општинските служби или екипите на ЈП Комунална хигиена на 0800 222 33,“ велат од Водовод и канализација.

Див водоводен приклучок и злоупотреба на канализацискиот систем може да се пријави на: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; – 02 3240 300, Дирекција, – [email protected], – www.vodovod-skopje.com.mk и
www.facebook.com/jpvodovod.skopje

Би можело да ве интересира

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“

ССМ: Директорот на Водовод продолжува со своето шерифско однесување, незаконски му даде отказ на претседателот на Син­дикатот

Ана Ололовска