ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе остане запаметен во историјата како политичар кој го газел и игнорирал Уставот

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение регираа на прес конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во која што тој кажа дека единствено правилно би било сега СДСМ да го добие мандатот за формирање влада.

„Република Македонија нема да биде водена од аболициран криминалец, ниту ќе добие просоросова Влада.

Граѓаните на 11-ти декември ја дадоа својата поддршка за излез од кризата и гласаа за проекти, реформи и развој. Граѓаните на 11-ти декември ставија крај на деструкцијата и велепредавствата кои ги промовираше СДСМ како нивна политика.

Зоран Заев ќе остане запаметен во историјата како политичар кој ги газел и игнорирал Уставот и законите на Република Македонија. Единствено што знае еден аболициран криминалец е да лаже и манипулира, а не да ги толкува Уставот и законите.

Политичката кариера на аболицираниот Зоран Заев заврши на 11-ти декември. Најгласната порака што ја испратија граѓаните е дека тој мора да одговара и за барањето поткуп, и за велепредавство и за сите криминални тендери за кои се врзува неговото име“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024