Владо Илиевски – ново засилување на КК Работнички

Од:

Поранешниот македонски репрезентативец Владо Илиевски е најновото засилување на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички.

Искусниот бек и Работнички се договорија на едногодишна соработка со клаузула која му овозможува на Илиевски доколку најде поволна понуда да замине во странство до крајот на оваа календарска година.

Клубот од „Градски парк“ најавуваше дека за новата сезона ќе состави поконкурентен тим, со тоа што акцент ќе се стави на македонски играчи.

„Поранешниот играч на Партизан, Унион Олимпија, Барселона, Лотоматика Рома, со неговото огромно интернационално искуство ќе придонесе во развојот на младите првотимци кои КК Работнички ги промовираше минатата сезона како и за создавање на конкурентен ростер со кој најтрофејниот кошаркарски клуб во државата ќе атакува за највисок пласман“, се вели во соопштението на КК Работнички.

Со ангажманот на Илиевски, тренерот Марин Докузовски добива квалитетен играч кој заедно со Ѓорѓи Чековски и Димитар Мираковски се основа за создавање на силен тим кој ќе биде сериозен конкурент на фаворитите за највисок пласман, шампионот МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи и Куманово.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ